Управен одбор

Управниот одбор е орган на управување на Претпријатието кој го именува односно разрешува Советот на Град Скопје. 
За член на управниот одбор на јавното претпријатие може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- е државјанин на Република Северна Македонија,
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Освен овие услови, членовите на управниот одбор во јавното претпријатие треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
- два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика,
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.

Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор на јавното претпријатие изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.

Управниот одбор има Претседател кој се избира од редот на членовите.
Претседателот на Управниот одбор ги свикува седниците, се грижи за извршување на актите  на Управниот одбор  и врши и други работи утврдени со Деловникот за работа на Управниот одбор.
Членови на Управниот одбор се:

1. Идриз Орана  -  Претседател

2. Иван Цветановски

3. Дејан Митровски

4. Никола Трајановски

5. Бране Поповски

6. Зоран Ивановски

7. Љубиша Спасовски  

8. Сенада Ибраимова

9. Изеир Mемеди

10. Гоце Цветковски

11. Билјана Јовановска

12. Јаше Сефер

13. Благоја Ангеловски

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies