Реконструкција на водоводната мрежа

ЈП Водовод и канализација-Скопје заклучно со 2013 година одржува 1085 километри водоводна мрежа. Цевките се главно изработени од лиено железо, а мал процент од други материјали (поцинкувани, челични, пластични и асбест-цементни).
Азбест-цементините цевки се менуваат поради староста и воведување на нови технологии за производсво на водоводни цевки, а не поради тоа што се штетни. Сите досегашни истражувања на ова поле вршени од страна на Светската здравствена организација (СТО) покажуваат дека азбест-цементните цевки не се штетни по здравјето на луѓето затоа што самата цевка е обвиткана со цементно млеко кое ја пружа неопходната заштита. ЈП Водовод и канализација-Скопје го прекина користењето на азбест-цементни цевки при изградбата на својата инфраструктура уште од 1989 година. 
Основна и единствена причина за замена на азбест-цементните цевки се заштедата и намалување на загубите на води, а во никој случај квалитетот на водата.
ЈП Водовод и канализација-Скопје во континуитет врши замена на азбест-цементните и поцинкувани цевки со нови квалитетни материјали кои се отпорни на влијанијата на почвата и на сообраќајот и секоја година одвојува значителнa сума на финансиски средства. Досега се инвестирани 700 милиони денари или по години во 2008 година 100 милиони, во 2009 година 120 милиони,  во 2010 година 120 милиони, во 2011 година 120 милиони денари, во 2012 година 120 милиони денари и во 2013 година 120 милиони денари за реконструкција на водоводната мрежа. Во изминатата 2013 година се реконструираа 14 километри од постојната водоводна мрежа или од 2008 па заклучно со 2013 година реконструирани се 84 километри од постојната водоводна мрежа.
И во 2014 година продолжуваме со ваквата тенденција на инвестирање во реконструкција на постоечката водоводна мрежа, со цел граѓаните на Град Скопје да добијат што е можно подобро и поквалитетно водоснабдување. Согласно Инвестиционата програма за 2014 година предвидени се 120 милиони денари, со кои се планирани да се реконструираат 15 километри од постоечката водоводна мрежа.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies