Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 12.06.2024 год

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.11/47-уличен дефект,ул.Козле бр.1/72-приклучна цевка,ул.Папуџиска бб-Музеј на Македонија-уличен дефект,Влае 1а-уличен дефект, ул.16 та Македонска Бригада-влез Парк Шума-уличен дефект и ул.Анте Хаџи Митков бб-водоводен приклучок.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.Јане Сандански-Аеродром-површинско чистење сливници,ул.Мите Богоески-Лисиче-контрола на шахти и површинско чистење сливници,реон Бутел 1-контрола на шахти и површиско чистење сливници и Стоби-Ѓорче Петров-отпушување со цистерна притисок.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.