Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Во текот на ден 11.06.2024 од страна на Сектор Санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација Скопје,  се земени:

- 36 примероци од водоводната мрежа на град Скопје;

- 6 примероци од дезинфекција на водоводната мрежа.

Мониторингот се работи согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр.183/2018 (Прилог 2,Дел Б).Примероците се земени согласно метода MKC ISO 5667-5 Земање на примероци –Дел 5: Упатство за земање на примероци вода за пиење од пречистителни станици и водоводни дистрибутивни системи. На сите примероци ќе им биде изработена физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр.183/2018 (Прилог 4,Основен преглед-А) во акредитираните лаборатории при Сектор Санитарна контрола согласно ISO 17025:2018.

Согласно добиените резултати од испитувањата,сите примероци од 07.06.2024 ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење(Службен весник на РМ, бр.183/18)