Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 10.06.2024 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.3/3 Љубош-уличен дефект,ул.2 бр,84 Визбегово-уличен дефект, ул.Методија Андонов Ченто бр.11/45-уличен дефект, ул.Лисец бб-нова водоводна мрежа и Ново Село ул.1-нова мрежа.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:реон Лисиче-контрола на шахти и површинско чистење слиовници,Огражден-Карпош-контрола на шахти и рачно чистење сливници,ул.Никола Карев-Центар-контрола на шахти,ул.Марко Крале-Бутел 1-рачно чистење сливници и Кисела Јабука-Ѓорче Петров-рачно чистење сливници.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.