Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 06.03.2024 год.

 

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул. Миле Поп Јорданов бр.2-уличен дефект, ул.Петар Георгиев бр.30-приклучна цевка, ул.Мариовска-уличен дефект и Инџиково-уличен дефект.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:реон Ѓорче Петров-површинско чистење сливници,ул. Наум Евро-Карпош-површинско чистење сливници,бул.Александар Македонски-Автокоманда-поправка на сливник,бул.АСНОМ-Аеродром-поставување на капак тежок тип, ул. Мариовска-Кисела Вода-рачно чистење улична решетка и бул.Крсте Мисирков-Бит Пазар-рачно чистење шахта.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies