Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Скоевска бр.11-уличен дефект,ул.Кнез Трпимир бр.24-водоводен приклучок,ул.Садик Асим бр.7-чистење со цистерна и ул. Алпи-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:реон Аеродром-површинско чистење сливници,ул.Лепенечка-Ѓорче Петров-рачно чистење сливници,ул.1558-Бутел-рачно чистење сливници,ул. Христо Татарчев-Кисела Вода-рачно чистење улична решетка,реон Маџари-контрола на шахти и површинско чистење сливници и реон Карпош-рачно чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.