Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.  

Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.02.2023 до 23.02.2023 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. 

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18). 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies