Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии: ул.Нерешка бр.3-приклучна цевка и ул.Финска бб-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Индустриска-Маџари-контрола на шахти и површинско чистење сливници,реон Лисиче-контрола на шахти и рачно чистење сливници и реон Козле-Карпош-рачно чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.