20.02.2024 - Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа еренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа

Екипите на сектор Водовод во текот на вчерашниот ден спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа на следните локации: бул. Јане Сандански бр. 79, ул. Петар Поп Арсов бр. 18 и ул. Благоја Паровиќ бр. 74.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа во градот во реон Центар, Кисела Вода и на територија на населено место Лисиче.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies