Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следната локација:ул.Црниче 8а-уличен дефект, ул. Јајце бр.107а-уличен дефект, ул.4-Љубанци-уличен дефект и ул. Методија Андонов Ченто-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: бул. Партизански Одреди-рачно чистење шахти и сливници,ул.Чедомор Кантарџиев-Кисела Вода-рачно чистење сливници и ул.Анастас Митрев-Лисиче-перење фекални шахти со цистерна вакум.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.