Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 29.01.2024 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.20-ти Октомври бр.15а-уличен дефект и бул.Македонско Косовска Бригада бр.44-уличен дефект,

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:Бул.Партизански Одреди-Карпош-рачно чистење сливници,ул. Хо Ши Мин-Бутел-површинско чистење сливници и Ѓорче Петров-површинско чистење сливници.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies