Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.Клисурска бр.3-уличен дефект и ул. Рудо бр.61-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул 8 Септември-Карпош-површинско чистење сливници,бул. Александар Македонски-Автокоманда-површинско чистење сливници и реон Ѓорче Петров-површинско чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.