Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.Пролет бр.17-реконструција, ул.Рокомија бб-Ф1600 -активности за поставување на игличест вентил, ул. 1/46-Визбегово-уличен дефект и ул.Востаничка бр.49-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.АСНОМ-Аеродром-површинско чистење на сливници,контрола на шахти и површинско чистење сливици по реон Лисиче и бул.Александар Македонски-Автокоманда-рачно чистење шахти и сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.