Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 20.12.2023

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за отстранување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Антон Попов бр. 34, ул. Коста Новаковиќ бр. 42 и Рокомија бб. 

Во текот на денешниот ден се спроведе акција за расчистување на шахти и  сливници на следните локации: Ѓорче Петров, Карпош, реон Аеродром со цел непрекината функционалност на атмосферската канализација. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies