Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за отстранување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Лазар Димитров бр.41, ул. 2/130 во Маџари и ул. 1/127 во Визбегово.
Во текот на денешниот ден се спроведе акција за расчистување на шахти и сливници на следните локации: бул. Партизанска, реон Ѓорче Петров и бул. Никола Карев кај Бит Пазар со цел непрекината функционалност на атмосферската канализација.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.