Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за отстранување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Сава Михајлов бр. 18 и ул. Радишанска.
Во текот на денешниот ден се спроведе акција за расчистување на шахти и сливници на следните локации: бул. Илинден во Карпош, ул. Среќко Пужалка, ул. Х.Т. Карпош и ул. Б. Кралевски, со цел непрекината функционалност на атмосферската канализација.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.