Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.Лесновска бр.3-уличен дефект и Жванска бр.4-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: бул.Партизански Одреди-Ѓорче Петров-површинско чистење на сливници,бул. Кузман Јосифовски Питу-Аеродром-површинско чистење сливници,ул.Пушкинова-Кисела Вода-рачно чистење шахта и ул. Моцартова-Ѓорче Петров-отпушување со цистерна притисок.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.