Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 17.11.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.Жан Жорес бр.59-уличен дефект и бул.Јане Сандански-огрлица.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: Подвозник Александар Палас-рачно и површинско чистење сливници, ул. Марко Орешковиќ-Кисела Вода-рачно чистење шахти и Кисела Вода-отпушување со цистерна и рачно чистење шахта.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.


 



 

 


Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies