Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :Мариовска ул.1-уличен дефект,ул.Бетовенова бб-уличен дефект,ул.Костурски Херои-Центар-огрлица и ул.Томас Минцер бр.26-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: ул.Христофер Жефаровиќ-Маџари-санација на капак,Волково-отпушување со цистерна притисок,Шуто Оризари-рачно чистење шахти и бул.Словенечка-Бутел-отпушување сливник со машина притисок.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.