Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 07.11.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации :ул. Бледски Договор-приклучна цевка,бул.Партизански Одреди(ЈСП)-уличен дефект и бул. Јане Сандански бр.102-уличен дефект.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Ернест Телман-Лисиче-контрола на шахти,бул.Илинден-Карпош-површинско и рачно чистење сливници и влечење со цистерна вакум,ул.Кленоец-Ѓорче Петров-рачно и површинско чистење на сливници,реон Маџари-контрола на шахти и површинско чистење сливници и бул.Србија-Кисела Вода-рачно чистење на улична решетка.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies