Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации :ул.Исмаил Кадаре-уличен дефект, ул. Томе Пуре-уличен дефект и ул.Лазо Трповски-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: бул.Алексанар Македонски, ул.Словенечка, бул.16-та Македонска Бригада и бул.Интернационални Бригади-рачно чистење сливници и ул.Лисец-чистење со цистерна вакум.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.