Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации: ул.Илинденска бб –уличен дефект, ул.Негоричанска бр.36-уличен дефект и ул.Методија Митевски-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на различни локациии. Рачно чистење на сливници на бул.Словенија, десна страна, чистење на решетки на ул.Христо Татарчев, бул.Борис Трајковски, чистење на сливници во Пржино, контрола и чистење на шахти на ул.Лука Геров, ул.Коста Новаковиќ, ул.Љубљанска, ул.Ангел Димов. Дератизација на шахти на ул.Разловечко Востание
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.