Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 23.06.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации: ул.Ленинова бр.53 –уличен дефект, ул. Јордан Филиповски бр.7-приклучна цевка, ул.Горновранска бр.136-уличен дефект и ул.Методија Андонов Ченто-уличен дефект. 

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на различни локациии.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies