Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 22.06.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации :ул.Марко Крале бр.50-уличен дефект,ул. Џон Кенеди бр.23-приклучна цевка,ул.Методија Митевски бр.1/1-уличен дефект,ул.Мариовска бр.30-уличен дефект и ул. Финска бр.39-уличен дефект.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации : бул.Србија подвозник-површинско чистење на решетки од сливници,бул.12-та Македонска бригада-површинско чистење на решетки од сливници,ул. Доситеј Обрадовиќ и ул.Мишко Михајловски-чистење на шахти,ул.Душко Поповиќ-рачно чистење на сливници,бул.Трета Македонска бригада-контрола на шахти и ул. Баница-контрола на шахти и површинско чистење на уличната решетка.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies