Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации :ул.Индира Ганди бб-уличен дефект,с.Љубанци-приклучна цевка,Стогово 3-уличен дефект и ул.Питу Гули бр.36-приклучна цевка.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации : ул. 100 Волково-чистење сливници,ул. Тодор Чангов-контрола на фекален колектор,ул. Партенија Зографски-контрола на шахти,бул.Србија-површинско чистење на решетки од сливници,ул. Димо Хаџи Димов-контрола на шахти и површинско чистење на сливници,ул. Љубљанска,бул. Јане Сандански,бул. Кузман Јосифовски Питу- контрола и чистење на шахти и ул. Цетинска-рачно чистење сливници и контрола на шахти.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.