Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации :ул.Лазар Личеноски бб-уличен дефект, ул. Диме Аницин бр.6-уличен дефект и ул.Мариовска бр.2/22-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, сливници и активности за одржување на атмосферската и фекалната канализација на територија на град Скопје во рамки на предвидениот план за работа и по барање на корисниците на услугите на претпријатието.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.