Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : ул.Бутелска бр.21-уличен дефект, ул.5 бр.1-Радишани-уличен дефект и ул.Пљачковица бр.14-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации :ул. Никола Парапунов-чистење фекални шахти со цистерна вакум, ул.1612 и ул. Тодор Чангов краци од 17-23-контрола на шахти и површинско чистење на сливници, Шуто Оризари- рачно чистење шахти, ул. Алжирска и ул. Каирска- рачно чистење, ул. Јадранска Магистрала -отпушување со приколка притисок,ул. Македонија-рачно чистење, ул. 808 -рачно чистење на сливници, ул. Волгоградска-рачно и површинско чистење на сливници, бул. Србија- рачно чистење и ул. Рилски Конгрес-контрола, рачно и површинско чистење на сливници.
Во текот на денешниот ден беше спроведена и дератизација во реон: ул.Ѓорѓи Капчев, Бутел 1,ул. Горно Лисиче, Лисец и Сервис Бутел.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.