Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа, 18.05.2023

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за отстранување на дефекти на следите локации: ул.4 бр. 37 во Сопиште и ул. Јужноморавски бригади бр. 20а во Гази Баба. 

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахтите и сливниците со цел нормална функционалност на атмосферската канализација на следните локации: бул. Партизанска, ул. Георги Димитров, бул. Србија, ул. Пандо Кљашев, бул. Борис Трајковски, ул. Филип II, ул. Лондонска, Петар Дељан, ул. Карпошово востание, клучката кај Континентал, ул. Јајце, ул. Лазар Личеноски, Павел Шатев, Јордан Мијалков, ул. Благоја Стефковски и ул. Томе Пуре. 

Воедно беше спроведена и дератизација на ул. Богомилски поход и во Аеродром. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies