Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 06.04.2023 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации :ул. Банско бр.20-Кисела Вода-уличен дефект, ул. Призренска бр.16- Бутел- приклучна цевка, ул. Никола Карев- Центар- уличен дефект, ул.Методија Андонов Ченто бр.10 Гази Баба-уличен дефект, Трубарево бр.5- Гази Баба- уличен дефект. 

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации : ул. Партизанска -чистење на сливници со цистерна притисок, ул. Горно Лисиче- рачно чистење на сливници, Стопански Двор – исчистена решетка и заменета со нова, контрола на шахти и површинско чистење на  сливници на ул.Кресна 1 дел, ул.Гаврил Радомир, ул.Ловчанска Корија и ул.Тодор Чангов краци од 2-18, ул. Лазар Димитров- рачно отпушување на фекална канализаиција, ул.Борис Бојаџиски-рачно чистење со цистерна вакум, ул.Коста Новаковиќ – површинско и рачно чистење  на сливници, ул.Славе Деловски- чистење на сливници, ул.Петар Драпшин – рачно чистење на сливници, чистење на пумпена станица Инџиково со цистерна вакум, ул. Гандиева- контрола на фекална канализација, ул. Ѓорѓи Капчев 2 дел- контрола на фекална канализација, Новоселски пат- рачно чистење на сливници.

Извршена е дератизација во реон Црниче. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

   

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies