Oдржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Екипите на сектор Водовод, во текот на изминатите денови спроведоа работни активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа на неколку локации низ градот: ул. Цицо Поповиќ 4, ул. 18 бр. 148, ул. 7 бр. 12 и ул. 9 Батинци, ул. Христо Татарчев 14/159, Бојане бб и ул. Скупи.

Екипите на сектор Канализација, во согласност со најавите за врнежи од снег и дожд, како и состојбите на терен спроведоа работни активности за рачно чистење на сливници и шахти на ул. Никола Добровиќ, контрола на фекална канализација на ул. Бонин Николов, контрола на шахти и површинско чистење на сливници на ул. Пушкинова, бул. 8 Септември, бул. Св. Климент Охридски, како и на сите критични места и подвозници во градот.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies