Известување за тековните теренски активности со цел нормална функционалност на атмосферската канализација на територија на град Скопје

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се на терен и работат на проверка и расчистување на сливниците, шахтите и улиците 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во согласност со најавената временска прогноза за врнежи од дожд проследени со ветер, од утрово се на терен и работат на проверка и расчистување на сливниците, каналите и шахтите на главните и споредни улици, како и на критичните места: бул. Киро Глигоров, бул, Александар Македонски, подвозниците Павел Шатев (Бихаќка), Стоковна куќа Мост и Александар Палас. 

Увид во работните активости изврши и директорот на претпријатието Драган Илиевски. 

Дежурни екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје остануваат на терен за контрола на атмосферската канализација и создавање услови за нејзина непречена функционалност.

 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies