Редовни активности за одржување на атмосферската канализација

ЈП Водовод и канализација – Скопје, преку екипите на секторот Канализација, секојдневно и редовно спроведува работни активности за одржување на системот за одведување на атмосферска вода, односно атмосферската канализација.

Во изминатиот период се спроведени редовни активности за рачно и машинско расчистување на сливниците и шахтите на целата територија на град Скопје.

Имено, во рамки на овие активности се изведува рачно чистење на сливниците и шахтите, чистење на шахтите со употреба на цистерна – вакуум и цистерна под притисок, перење со хидранти, како и замена и поправка на оштетени сливници, капаци на шахти и поставување на нови.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, продолжува со спроведување на активности со цел нормална функционалност на атмосферската канализација, целиот канализационен и водоводен систем воопшто со цел задоволување на потребите на своите корисници, граѓаните на град Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies