Екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје, од утрово се повторно на терен, со цел проверка и чистење на шахтите и сливниците, дел од атмосферската канализација, како резултат на големото и силно невреме кое го зафати скопскиот регион.

Во текот на вчерашниот ден, а и утрово се интервенираше на сите улици во градот и на критичните места на: бул. Гоце Делчев кај Мавровка и кај МРТВ, подвозникот кај Стоковна куќа Мост, бул. Никола Карев, ул. Востаничка, ул. Димо Хаџи Димов, ул. Павел Шатев, ул. Методија Андонов Ченто, кај подвозникот кај хотел Александар Палас, бул. АСНОМ, ул. Ѓорче Петров, ул. Народни Херои, бул. Јане Сандански, ул. Финска, ул. Мариовска, ул. 14 Декември, Христо Татарчев, бул. Киро Глигоров кај Бриколаж, Ул. Павел Шатев, Бул. Кочо Рацин, бул. Александар Македонски, клучката кај хотел Континентал, бул. Филип Втори Македонски, бул. 8ми Септември, ул. Бутелска, ул. Џон Кенеди, ул. Цветан Димов, бул. Србија, бул. 3-та Македонска Бригада, ул. Јордан Мијалков, во Припор итн.

Во моментов состојбата е нормализирана, но со цел превенирање на такви и слични ситуации, како и овозможување на непрекината функционалност на атмосферската канализација, екипите на претпријатието, остануваат на терен, на целата територија на град Скопје.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies