Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 8 до 14 август, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.
Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација:
- Отстранување на дефекти на следните локации: Шарпланинска бр.9, Борис Трајковски бб, Добри Дол - ул. 1 бр.47, ул.28 бб Радишани, Тодор Чангов 37/14, Глумово ул.2, Франц Прешерн бр.32, Ул.Речиште бр.38, Ул Банско бр.4, Бел Камен бб, ул.Партеније Зографски бр.87, ул.Саса бб, ул.7.бр167 с.Батинци, Божидар Рајковиќ 7, Палмиро Тољати бб, Сарај ул.20, Бертнанд Расел бр.42, Никола Вапцаров бр.7, Скоевска бр.17, Стајковци ул.5, Копаница бб, Бунари Лепенец, Ул.16 Сопиште, ул.3 с.Батинци и Нов Живот бр.19.
- Водоводни приклучоци: Адам Мицкиевиќ 24.
- Акција за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.