Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 01 до 07 Август, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.
Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација:
- - Изведба на водоводна мрежа во н.Индустрија, Бутел 2 и Влае
-Променети водомери вкупно 74
-Нови приклучоци - 3
-Отстранување на дефекти на следните локации: н.Драчево - 3, Пржино-1, Маџари-2, Индустрија – 3, Радишани – 1, Шуто Оризари – 1, Влае – 2, Сарај - 4
-Промена на затварачи во Кисела Вода
-Огрлици – 2
-Поставување на приклучни цевки на повеќе локации во Скопје, вкупно 26
-Отсранети 67 дефекти во шахти
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.