Перински на Светскиот ден на водата: Водата е живот, да ја заштитиме

Денес во просториите на ЕУ Хаус, се одржа прес конференција по повод одбележување на Светскиот ден на водата 22 Март 2022, каде се презентираа активностите кои се спроведоа, а вклучуваат дистриуција на видео материјали под слоганот „Водата е живот, квалитет кој трае“, како и дистрибуција на едукативно – информативен постер и видео до сите основни училишта на територија на град Скопје.

На денешната прес конференција, свое обраќање имаа: Проф. Д-р. Милорад Јовановски, Градежен факултет, Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Насер Нуредини, Министер за животна средина и просторно планирање, Н.Е. Анке Холштајн,  Амбасадорка на Сојузна Република Германија и Н.Е. Вероник Улман, Амбасадорка на Швајцарија, кои едногласно ја потврдија потребата од зголемување на свеста и одговорноста кон водата како природен ресурс и нејзиното бесценето значење, како и потребата од заеднички пристап кон нејзината заштита.

„Повеќе од 100 години, невидливото го правиме видливо. Подземната вода, за нас како претпријатие, за нас како граѓани на град Скопје е од огромно и непроценливо значење. Секоја наша активност е во насока на зачувавање, токму на ова природно богатство, негова заштита од сите фактори кои може да делуваат негативно, негова рационализација во употребата, одржливост и изнаоѓање алтернативни извори на водоснабдување, како одговор на брзиот раст на градот, урбанизацијата и секако климатските промени“ – истакна Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Перински додаде дека со слоганот водата е живот, квалитет кој трае, се испраќа порака за важноста на ресурсот, кој е од непроценливо значење за скопјани, како и дека ЈП Водовод и канализација - Скопје останува посветено во обезбедување на квалитетна вода, истакнувајќи дека од сите нас зависи, колку ќе го зачуваме.

Иницијативата на Здружението за Третман на води и Отпадни води на Македонија ЗТВ-МК и Друштвото за геотехника на Македонија при Градежниот факултет – Скопје, за спроведување на едукативно информативната кампања, со цел одбележување на Светскиот ден на водата 2022 под мотото „Подземни води - невидливото станува видливо“, освен од ЈП Водовод и канализација – Скопје, беше поддржана од ЕУ Делегацијата, Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Европската Асоцијација за води и „5+ Фамилија“.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies

Accesibility Adjustments

Choose the right accessibility profile for you
OFF ON
Highlight Links Highlights all the links on the site!
OFF ON
Pause Animations Animations will be paused on the site!
OFF ON
Dyslexia Font Dyslexia Font will be applied on the site!
OFF ON
Hide Images All images will be hidden on the site!
Choose the right accessibility profile for you
Adjust Font Sizing
Default
High Saturation
High Contrast
Light Contrast
Dark Contrast
Adjust Letter Spacing
Default
Adjust Line Height
Default
Speak Mode
Align Center
Align Left
Align Right