Перински: 160 милиони денари за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа по 16 април

Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје на денешната седница на советот на Град Скопје одговарајќи на советнички прашања посочи дека од акцијата која јавното претпријатие ја започнало изминатиот период за наплата на заостанати долгови од страна на стопанството и домаќинството се реализирани 310 договори во вредност од 22 милиони денари. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, изминатиот период започна акција за наплата на заостанати долгови и за стопанство и за домаќинство. До сега имаме реализирано 310 договори, дел за домаќинство, дел за стопанство некаде во износ од повеќе од 22 милиони денари, што значи дека за околу 40-тина дена од почетокот на акцијата во касата на јавното претпријатие во периодот кој што следи  ќе се слеат околу 22 милиони денари, рече тој. 

Перински нагласи дека според постоечката рамка за реконструкција до 15 април планирана е реконструкција на 7 улици во четири општини во вредност од 40 милиони денари, како и дека со новата рамковна спогодба од 16 април предвидено е да се реконструира водоводна мрежа во вредност од 90 милиони денари, како и канализациона мрежа во вредност од 70 милиони денари. 

Во однос на планираните работни активности во следниот период, согласно постоечката рамка за реконструкција која што е со важност до 15 април планирана е реконструкција на 7 улици во четири општини во вредност од 40 милиони денари.

Во таа насока согласно потребите на градот Скопје и на останатите општини, со новата рамковна спогодба која што ќе ја склучиме некаде по 16 април дополнително околу 90 милиони денари ќе ни бидат на располагање за реконструкција на водоводната мрежа и околу 70 милиони денари за реконструкција на канализациона мрежа. Така што, за оваа година имаме предвидено доволно средства, кои ќе ги обезбедиме и ќе можеме да одговориме на потребите на граѓаните скоро во сите општини, истакна Перински.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies

Accesibility Adjustments

Choose the right accessibility profile for you
OFF ON
Highlight Links Highlights all the links on the site!
OFF ON
Pause Animations Animations will be paused on the site!
OFF ON
Dyslexia Font Dyslexia Font will be applied on the site!
OFF ON
Hide Images All images will be hidden on the site!
Choose the right accessibility profile for you
Adjust Font Sizing
Default
High Saturation
High Contrast
Light Contrast
Dark Contrast
Adjust Letter Spacing
Default
Adjust Line Height
Default
Speak Mode
Align Center
Align Left
Align Right