Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 28 февруари до 06 март, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.
Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод:
- Отстранување на улични дефекти на следните локации: Батинци 3/52, Долно Свиларе ул. 1 бр.9, ул. Џон Кенеди 5, ул. Антон Димитров 104, ул. Серска, ул. Љубо Петровиќ 14, ул. Коце Металец кај Ремедика, ул. Јани Лукровски, С. Долно Свиларе, ул. Тодор Чангов 31/11 и Плоштад Македонија
- Замена на шибери и поправка на огрлици: ул. Коце Металец 15, Сарај ул.10 бр.15, ул. Демир Трајко, бул. 2-ра Македонска Бригада и Овчеполска бб
- Изведување на водоводен приклучок на ул. Војдан Чернодрински бб.
На 06.03.2022, екипите на сектор Канализација, поради врнежите од снег излегоа на терен за расчистување на сливниците и шахтите со цел нормална функционалност на атмосферската канализација на територија на град Скопје.
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.