Водовод – Скопје и СМУГЦ Д-р. Панче Караѓозов потпишаа меморандум за соработка

ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамки на својата стратешка ориентација и политиката за општествена одговорност, го имплементира принципот на општествена одговорност во сите сфери од општествениот живот во град Скопје и Република С. Македонија, вклучувајќи го и придонесот кон унапредување на образованието и науката во државата. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје и СМУГЦ „Д-р. Панче Караѓозов“ потпишаа меморандум за соработка во доменот на научно-истражувачката работа. На средбата, на која меѓу останатите претставници на двете инситуции присуствуваа генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски и директорката на средното училиште Маја Салиу, беа договорени фазите за понатамошната соработка меѓу институциите. 

Врз основа на овој меморандум, од следната учебна година учениците од профилот медицинско лабораториски санитарен техничар ќе можат да усвојуваат дел од практичните знаења во лабораториите на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје под менторство на врвни професионалци од доменот на испитувањето на квалитетот и безбедноста на водата. 

„Со воспоставување на оваа соработка во насока на унапредување на практичната настава во согласност со Законот за средно образование, ги ставаме на располагање нашите ресурси и кадарот во рамки на Секторот за санитарна контрола и овозможуваме услови за изведување на практична настава но и научно истражувачка работа. На тој начин делуваме во создавање на нови квалификувани кадри, општествениот просперитет и унапредувањето на пазарот на трудот“ – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје. 

Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола, го изрази своето задоволство во однос на почетокот на оваа соработка, што претставува уште една од низата на отворени можности за споделување на знаењето во научно- истражувачката работа во полето на испитувањето на водата.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies

Accesibility Adjustments

Choose the right accessibility profile for you
OFF ON
Highlight Links Highlights all the links on the site!
OFF ON
Pause Animations Animations will be paused on the site!
OFF ON
Dyslexia Font Dyslexia Font will be applied on the site!
OFF ON
Hide Images All images will be hidden on the site!
Choose the right accessibility profile for you
Adjust Font Sizing
Default
High Saturation
High Contrast
Light Contrast
Dark Contrast
Adjust Letter Spacing
Default
Adjust Line Height
Default
Speak Mode
Align Center
Align Left
Align Right