Светски ден на водата, 22 март 2021

Основната дејност на ЈП Водовод и канализација – Скопје е обезбедување на чиста и здрава вода за пиење, нејзина дистрибуција  до секој корисник, како и одведување и третман на урбаните отпадни води. 

Оваа година Светскиот Ден на водата е посветен на поткревање на свеста за глобалната светска криза за вода, значењето на водата за човештвото и како можеме да ја заштитиме. 

Во таа насока ЈП Водовод и канализација – Скопје повеќе од 100 години ги вложува своите капацитети и ресурси и овозможува услови за водоснабдување на градот Скопје со питка и квалитетна вода од изворот Рашче. Денес над 1200 вработени во ЈП Водовод и канализација – Скопје, предводени од тим на професионалци во својата област, се грижат за одржувањето на изворот Рашче, неговата заштита, проверката и потврдата на квалитетот на водата, приемот на водата во системот, нејзината безбедна дистрибуција до крајните корисници како и за третманот на отпадните води.

 „Имајќи го предвид фактот дека водата е извор на животот, а ние имаме и користиме вода од природен извор, што е навистина реткост во Европа и светот, вложувањата на ЈП Водовод и канализација – Скопје се во насока на унапредување на работните процеси, стандардизацијата, модернизацијата и заштитата на водата и на животната средина во чекор со најновите европски и светски директиви кои обезбедуваат одржлив развој, сигурност, безбедност и можности за задоволување на потребите на корисниците и градот Скопје. Во насока на непречен развој на градот во иднина  направени се и се прават истражувања за потенцијалните извори на водоснабдување што претставува голем чекор напред во однос на заштитата на изворот Рашче како и обезбедување на неговата одржливот“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, додавајќи дека за претпријатието секој ден е Светски ден на водата. 

„Водата од изворот Рашче е природна, квалитетна и по својот состав и минерологијата, не само што е на второ место во Европа, туку е и од витално значење за здравјето на граѓаните и нивниот квалитет на живот. Нашиот високо-стручен тим во Секторот за санитарна контрола, го гарантира квалитетот и исправноста на водата за пиење од изворот Рашче. Истиот се потврдува преку испитувањата кои секојдневно се изведуваат во хемиската и микробилошката лабораторија кои се единствени акредитирани и сертифицирани лаборатории за изведување на таков тип на испитувања во нашата држава и чии резултати и постигнувања се потврдени од институции на европско и светско ниво“ – вели Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје.

 

Видео во знак на одбележување на Светскиот Ден на водата https://youtu.be/FB2mNzY8Iyg .

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies

Accesibility Adjustments

Choose the right accessibility profile for you
OFF ON
Highlight Links Highlights all the links on the site!
OFF ON
Pause Animations Animations will be paused on the site!
OFF ON
Dyslexia Font Dyslexia Font will be applied on the site!
OFF ON
Hide Images All images will be hidden on the site!
Choose the right accessibility profile for you
Adjust Font Sizing
Default
High Saturation
High Contrast
Light Contrast
Dark Contrast
Adjust Letter Spacing
Default
Adjust Line Height
Default
Speak Mode
Align Center
Align Left
Align Right