Нова опрема за хемиската лабораторија во Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано продолжува со инвестициите во своите капацитети со цел подобрување и унапредување на работните процеси согласно европските стандарди. На овој начин ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува услови за исполнување на сите работни процеси кои се директно поврзани со дејноста на претпријатието, а се однесуваат на потребите на граѓаните на град Скопје. ЈП Водовод и канализација - Скопје поставувајќи стандарди на работа во согласност со европските регулативи и директиви прераснува во јавно претпријатие кое го достигнува нивото на претпријатијата од истиот домен во европски рамки. 

Секторот за санитарна контрола, во рамки на ЈП Водовод и канализација - Скопје, согласно инвестиционата програма пристапи кон обновување и доопремување на хемиската лабораторија со апаратура за гасна хроматографија и атомска абсорпција на жива во примероци на вода.    

„Во согласност со потребите и прогресивниот развој на лабораториите во Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје се пристапи кон набавка на нова опрема за хемиската лабораторија за гасна хроматографија и атомска абсорпција на жива во примероци на вода.  Имено, во хемиската лабораторија се инсталираше систем за продукција на ултра чиста дејонизирана вода, кој произведува лабораториска вода Тип 1, Тип 2 и Тип 3 како и атомски абсорбер за анализа на жива, кој е единствен во државата од ваков тип и со кој може да се анализираат примероци во цврста и течна состојба. Со цел исполнување на барањата од Правилникот за вода за пиење 183 од 2018 годна, хемиската лабораторија се доопреми и со Анализер за вкупен органски јаглерод и гасен хроматограф, уникатна опрема со која се изведуваат анализи од параметарот Трихалометани. Паралелно со процесот на набавка на новата опрема се спроведе и обука на персоналот. Со исполнување на овој циклус во хемиската лабораторија, Секторот за санитарна контрола, стана  единствена институција во државата во која може да се изведуваат анализи од овој тип“ - посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје. 

Ова е само уште еден доказ дека Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација - Скопје е чекор понапред во својата работа која ја извршува одговорно, транспарентно и во согласност со сите европски стандарди, регулативи и директиви

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies

Accesibility Adjustments

Choose the right accessibility profile for you
OFF ON
Highlight Links Highlights all the links on the site!
OFF ON
Pause Animations Animations will be paused on the site!
OFF ON
Dyslexia Font Dyslexia Font will be applied on the site!
OFF ON
Hide Images All images will be hidden on the site!
Choose the right accessibility profile for you
Adjust Font Sizing
Default
High Saturation
High Contrast
Light Contrast
Dark Contrast
Adjust Letter Spacing
Default
Adjust Line Height
Default
Speak Mode
Align Center
Align Left
Align Right