Потврдена имплементацијата и сертификацијата на ИСО стандардите на ЈП Водовод и канализација – Скопје

Во изминатиот период, во ЈП Водовод и канализација – Скопје, беше извршена имплементација од страна на МАК Контрол Скопје и сертификација од страна на СГС Белград на стандардот ИСО 14001:2015 - Систем за управување со животна средина; надзорна проверка од страна на СГС Белград за ИСО 9001:2015 - Систем за управување со квалитет и HACCP - Систем за анализа на опасности и критични контролни точки. 

„ЈП Водовод и канализација – Скопје многупати досега покажа дека е јавно претрпијатие кое не само што е во служба на граѓаните туку е и претпријатие кое стратешки се движи во насока на воспоставување и спроведување на активности за унапредување на работните процеси, модернизација, дигитализација и стандардизација, со што несомнено се приближува кон европските и светските претпријатија во рамки на дејноста“, посочи генералниот директор, Душко Весковски. 

Како што беше најавено на 28.09 и 29.09.2020  комисија на Институтот за Акредитација на Република Северна Македонија, ја изврши надзорната оценувачка посета во Секторот за санитарна контрола, која согласно условите со пандемијата беше спроведена електронски. Со надзорната оценувачка посета беа проверени процедурите, методологиите и примената на стандардите согласно барањата на стандардот  ИСО 17025:2018, според кој лабораториите се акредитирани за вршење на анализи на вода за пиење, површинска и отпадна вода. Врз основа на деталните проверки согласно процедурите на ИАРМ беше констатирано дека лабораториите во целост ги исполнуваат критериумите на наведениот стандард од аспект на простор, опрема и кадар, како и доследно применување на пропишаните процедури согласно стадардот  ИСО 17025:2018. 

„Воведувањето, имплементацијата и сертификацијата на интернационалните стандарди значи поставување на работата во Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје, на ниво на светските лаборатории кои ги имаат имплементирано истите стандарди“ – посочи Александар Николоски, менаџер за квалитет во Сектор за санитарна контрола, ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies

Accesibility Adjustments

Choose the right accessibility profile for you
OFF ON
Highlight Links Highlights all the links on the site!
OFF ON
Pause Animations Animations will be paused on the site!
OFF ON
Dyslexia Font Dyslexia Font will be applied on the site!
OFF ON
Hide Images All images will be hidden on the site!
Choose the right accessibility profile for you
Adjust Font Sizing
Default
High Saturation
High Contrast
Light Contrast
Dark Contrast
Adjust Letter Spacing
Default
Adjust Line Height
Default
Speak Mode
Align Center
Align Left
Align Right