Нова микробиолошка опрема во Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано продолжува со инвестициите во своите капацитети со цел подобрување и унапредување на работните процеси согласно европските стандарди. На овој начин ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува услови за исполнување на сите работни процеси кои се директно поврзани со дејноста на претпријатието, а се однесуваат на потребите на граѓаните на град Скопје. ЈП Водовод и канализација - Скопје поставувајќи стандарди на работа во согласност со европските регулативи и директиви прераснува во јавно претпријатие кое го достигнува нивото на претпријатијата од истиот домен во европски рамки. 

Имено, Секторот за санитарна контрола, во рамки на ЈП Водовод и канализација, согласно инвестиционата програма ја реализираше првата фаза од ревитализацијата на микробиолошкиот оддел.  

За целите на ревитализација на микробиолошкиот оддел се монтираше микроскоп со дигитална камера ( слика 1) кој може констатациите од страна на аналитичарот напревени при испитување на подлогите да ги регистрира дигитално, меморира или како документ за консултација да ги испрати во мрежа со помош на рачунарот кој е составен дел од апаратот. Со ова се документира работата во микробиолошкиот оддел и истата станува комплетно транспарентна. Во оваа фаза беше опфатена и ревитализација на водоблокот или производството на лабораториска вода и вода за потребите на работа на автоклавите, се инсталираше систем со контрола за дејонизација која се состои од катјонска, анјонска и колона со мешана јонска маса со зголемен капацитет така што се произведува вода за сите сегашни и идни потреби на лабораториите за микробиологија. (Слика 2) Истиот има кондуктометриска контрола за исправно користење на инсталацијата и нејзино соодветно одржување. Старите и дотрајани автоклави се заменети со нови.  Истите комплетно ги покриваат потребите на одделот за микробиологија. На овој начин се заокружи и комплетира фазата на ревитализација на класичните и инструменталните методи кои се применуваат во одделот за микробиологија согласно стандардот ИСО 17025 и се направија подлоги за прием на нова генерација на аналитичка опрема во микробиологијата. 

Ова е само уште еден доказ дека Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација - Скопје е чекор понапред во својата работа која ја извршува одговорно, транспарентно и во согласност со сите европски стандарди, регулативи и директиви.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies

Accesibility Adjustments

Choose the right accessibility profile for you
OFF ON
Highlight Links Highlights all the links on the site!
OFF ON
Pause Animations Animations will be paused on the site!
OFF ON
Dyslexia Font Dyslexia Font will be applied on the site!
OFF ON
Hide Images All images will be hidden on the site!
Choose the right accessibility profile for you
Adjust Font Sizing
Default
High Saturation
High Contrast
Light Contrast
Dark Contrast
Adjust Letter Spacing
Default
Adjust Line Height
Default
Speak Mode
Align Center
Align Left
Align Right