Ден на планетата Земја, 22 Април 2020

 

Денес, 22 Април 2020, се одбележува 50 годишнината на Денот на планетата Земја. 50 години светот се бори за зачувување на планетата Земја. Оваа година сме сведоци на пандемија од корона вирус која ги натера луѓето да застанат, а времето тече и планетата Земја се обновува. Ова нека биде поуката која ќе ја добиеме од оваа басна.

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, покрај своите редовни активности превзема и активности кои се во насока на зачувување на природата, а со тоа и на планетата Земја.

 

Наша обрвска е да ја заштитиме животната средина, да ја одржуваме околината чиста, зашто чистата и здрава околина значи чиста и здрава вода за пиење, што е всушност и нашиот приоритет. ЈП Водовод и канализација – Скопје е првото јавно претпријатие кое започна со употреба на рециклирана еколошка и биоразградлива хартија за внатрешна и надворешна употреба, со што придонесува до заштеда на енергија за 60% и намалување на потрошувачката на вода за 15%. Воедно, активно работи на поголема достапност до своите корисници по електронски пат, овозможувајќи пристап до своите услуги преку e.vodovod-skopje.com.mk и преку воведување на мобилната апликација достапна за Android и IOS, со што придонесува до намалување на печатените форми на документи кои се потенцијален отпад.  

Во соработка со Пакомак, ја започна кампањата за подигнување на јавната свест за заштита на природните и водените ресурси, како и за правилно одлагање и рециклирање на отпадот, преку апликација на еко пораки на своите сметки. Во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест, започна и со едукативни работилници за значењето на водата, нејзината заштита и правилна употреба.

 

Активностите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, не завршуваат тука, ова е само почеток на напорите за создавање на подобро одржливо општество за сите нас.

 

Ве повикуваме, сега, да останете дома и да ги почитувате препораките од надлежните институции, а потоа одговорно да се однесувате кон себе и кон планетата Земја.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies

Accesibility Adjustments

Choose the right accessibility profile for you
OFF ON
Highlight Links Highlights all the links on the site!
OFF ON
Pause Animations Animations will be paused on the site!
OFF ON
Dyslexia Font Dyslexia Font will be applied on the site!
OFF ON
Hide Images All images will be hidden on the site!
Choose the right accessibility profile for you
Adjust Font Sizing
Default
High Saturation
High Contrast
Light Contrast
Dark Contrast
Adjust Letter Spacing
Default
Adjust Line Height
Default
Speak Mode
Align Center
Align Left
Align Right