Со сателитско снимање во Скопје ќе се откриваат водоводните дефекти

Со сателитско снимање во Скопје ќе се откриваат водоводните дефекти

Според последните истражувања и анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ загубата на вода во Град Скопје изнесува околу 50 отсто. За да се спречи или намали загубата на вода ангажирана е израелската компанијата „Јутилис“ (Utilis) за сателитско снимање и мапирање на сите дефекти во главниот град. Досега се откриени 237 дефекти невидливи за голо око кои во наредниот период ќе бидат санирани од службите на ЈП „Водовод и канализација“.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски. Тој соопшти дека дел од оваа загуба е реална и се однесува на наводнување на зелените површини, чистењето на улиците, јавните хидранти и чешмите кои се поставени.

- Оној дел кој нас не загрижува е проблемот во цевководниот систем, односно проблеми кои не се видливо за голо око, а кои реално претставвуваат техничка загуба на вода. За таа цел пред еден месец ние склучивме договор со израелската компанијата „Јутилис“ (Utilis) која е специјализирана за сателитско снимање и мапирање на сите дефекти во Град Скопје. Првата фаза од работите е завршена и веќе досега се најдени 237 дефекти невидливи за голо око кои во наредниот период ќе бидат санирани од службите на ЈП „Водовод и канализација“, рече Весковски.

Со тоа, како што рече, не само што ги намалуваме оперативните трошоци на јавното претпријатие, туку и го подобруваме водоснабдувањето на жителите на Град Скопје. Додаде дека планираат во наредните години загубата на вода од 50 да се сведе на 20-25 отсто. 
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов посочи дека нашиот град е единствен во регионот и меѓу ретките во Европа каде е извршено сателитско снимање на водоводниот систем.

Посочи дека снимањата траеле две недели и предноста на овој систем, како што рече, е што ќе може на време да се детектираат и веќе се детектирани истекувањата на вода со помпш на сателитет. Ќе следи фаза на целосно мапирање и потоа теренски интервенции на системот со што се скратува времето за интервенции и се спречуваат евентуалнио посериозни дефекти на водоводниот систем. 
Шилегов најави дека со решението на „Паметен град“ (Smart City Skopje), кое се очекува наредниот период да влезе во тендерска постапка, предвидено e да се инсталираат т.н. паметни водомери во сите средни училишта, во музеите, во сите јавни претпријатија... На овој начин ќе се овозможи почеток на дигитализација на водоводниот систем во градот.

Основачот и главен технички директор на „Јутилис“ (Utilis) Лорен Гај соопшти дека компанијата е основана пред пет години со единствена цел - пронаоѓање на загубата на вода во водоводните системи без воопшто да се стапне на земјата каде се врши истражувањето. Досега вршеле истражување во 27 држави и провериле повеќе од 200.000 километри водоводни цевки и нашле загуба на вода. Користат сателитска технологија која има можност да гледа низ почвата и специфично да ја изолира водата која била третирана во однос на другите видови вода. 
Ваков тип на сателитско снимање за загуби на вода првпат се спроведува во Република Македонија. Снимањето е поделено во две фази, првата фаза чини 2,5 милини денари, а втората 3,5 милиони денари. Втората фаза треба да заврши за околу еден ипол месец.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies

Accesibility Adjustments

Choose the right accessibility profile for you
OFF ON
Highlight Links Highlights all the links on the site!
OFF ON
Pause Animations Animations will be paused on the site!
OFF ON
Dyslexia Font Dyslexia Font will be applied on the site!
OFF ON
Hide Images All images will be hidden on the site!
Choose the right accessibility profile for you
Adjust Font Sizing
Default
High Saturation
High Contrast
Light Contrast
Dark Contrast
Adjust Letter Spacing
Default
Adjust Line Height
Default
Speak Mode
Align Center
Align Left
Align Right