ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да развива меѓународна соработка и размена на знаења за унапредување на услугите.
Во таа насока, во организација на здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија АДКОМ, денеска, во просториите на ЈП Водовод и канализација - Скопје, директорот Иван Митровски одржа работна средба со претставници на претпријатието EYATH S.A, кое управува со водоснабдувањето и канализацискиот систем на пошироката област на Солун.
На средбата се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка, размена на искуства, како и за идеи поврзани со идните развојни цели на претпријатието, со цел континуирано подобрување на квалитетот на услугите што ЈП Водовод и канализација – Скопје ги обезбедува на граѓаните.
На крајот од средбата беше изразена заедничка подготвеност за продлабочување на соработката и реализирање на заеднички активности во иднина.