Увид во работни активности на сектор Водовод

Во текот на денешниот ден, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Иван Митровски изврши увид во работните активности на сектор Водовод, каде екипите санираа дефект на водоводна линија Ф 700мм на булевар Александар Македонски. Со санацијата на дефектот ќе се нормализира и подобри водоснабдувањето во овој дел од градот Скопје во општина Гази Баба. 

Во таа насока на ден 30.11.2025 (недела) се изврши монтажа и замена на воздушен вентил Ф600мм и поврзување на новата водоводна линија Ф600 со која кружно ќе биде поврзана бул. Александар Македонски со ул. Маџари. Освен тоа се работеше и на ревитализација на два затварачи Ф400 и Ф350 со замена на навојно вретено.

 ЈП Водовод и канализација – Скопје, како јавно претпријатие посветено работи на обезбедување квалитетни услуги за граѓаните, континуирано спроведува активности за унапредување и одржување на водоводната и канализациона инфраструктура.


Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies