Известување за извршен мониторинг за безбедноста на водата за пиење во ООУ Димо Хаџи Димов, во општина Карпош

Известување,

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.

Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.  

Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата  во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува.

 

Со почит,

 

ЈП Водовод и канализација - Скопје

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies