Едукативна посета во Секторот за санитарна контрола одржана на 10.11.2025год

Во текот на денешниот ден, учениците од трета година при гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Скопје реализираа едукативна посета во Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје.
За време на посетата, учениците одблизу имаа можност, преку практични примери, да се запознаат со процесите на испитување и контрола на квалитетот и безбедноста на водата за пиење, кои се спроведуваат во хемиската и микробиолошката лабораторија на претпријатието.
Со ваквите активности, Секторот за санитарна контрола продолжува со реализација на едукативно-информативни средби наменети за деца и млади од различни возрасти, со цел да се поттикне свеста за значењето на континуираната контрола на квалитетот на водата за пиење во градот Скопје, како и следењето на состојбата на површинските, подземните и отпадните води, што се врши редовно секоја година.


Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies